September 26, 2022 17:02
Скопје

Без струја утре делови од Аеродром, Сопиште и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје соопшти дека без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Сопиште и Карпош.

Според ЕВН, од 09.00 до 12.00 часот струја нема да имаат корисниците од улицата „Симеон Кавракиров” бр.10 во Аеродром, од 09.00 до 15.00 корисниците од улицата бр.14 во село Сопиште и од 09.00 до 13.00 часот дел од корисниците од улицата „Фјодор Достојевски” во Карпош.