September 26, 2022 19:06
Скопје

Без струја утре делови од Автокоманда, Љубош и Долно Блаце

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Гази Баба, Студеничани и Чучер Сандево.

Причина за прекинот во снабдувањето со струја се закажани технички зафати во системот на електрична енергија.

Од 8 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците во дел од улицата „Tашко Караџа” број 8 во Автокомандa во општина Гази Баба, од 08.30 до 13.30 часот дел од улица „3″ во село Љубош во општина Студеничани, а 9 до 12 часот село Долно Блаце во општината Чучер Сандево.