October 5, 2022 14:38
Скопје

Без вода дел од општина Бутел

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Св. Прохор Пчињски”, „Максут Садик” и „Стојко Јовановски”.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата  „Св. Прохор Пчињски” без број.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.