October 5, 2022 14:13
Скопје

Без вода дел од корисниците на улиците „Св. Прохор Пчињски” и „Македонски кралеви”

Од 9.30 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на улиците „Св. Прохор Пчињски” и „Македонски кралеви”, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот во снабдувањето со вода е поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на крстосницата на „Св. Прохор Пчињски” и „Македонски кралеви” и ќе трае до завршување со работните активности.