September 28, 2022 15:55
Скопје

Без вода дел од Бутел

Поради уличен дефект, без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Марко Крале”, „Галичник”, „Мостарска”, „Коле Канински” и „Пребондова” во скопската населба Бутел.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санација на дефектот.