August 19, 2022 13:28
Скопје

Без вода делови од населбата Водно

Прекин во водоснабдувањето попладнево од 18 часот имаат корисниците од улиците „Владимир Назор”, „Ѓорги Абаџиев”, „Кумровец” и дел од „Мајка Тереза” во населбата Водно, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот е скината цевка на ул.„Владимир Назор” бр.8 во населбата Водно. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.