October 1, 2022 20:59
Скопје

Без вода делови од Шуто Оризари

Поради уличен водоводен дефект од ф 125 мм на ул. „Нов Живот” бр.9 , населба „Шуто Оризари”, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Нов Живот”, „Сељачка Планина”, „Нов Живот”, „Јури Розентал”, „Ѓорѓи Пенко” и дел од корисниците од ул.„Гвадалахара”.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9:00 часот до завршување на дефектот.