October 5, 2022 14:09
Скопје

Без вода две улици во Козле

Прекин на водоснабдувањето денеска од 11:20 часот ќе имаат корисниците на улица „Џумајска” и улица „Јуриј Гагарин” во општина Карпош.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект од ф-100мм.