October 5, 2022 14:42
Спорт

Бањаја најбрз на Силверстоун

Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната трка за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун во рамките на Мото ГП шампионатот. Возачот на Дукати на тој начин дојде до четвртата победа во последните седум трки.

Второто место му припадна на Маверик Вињалес, кој погреши во последниот круг и на тој начин му ја олесни работата на Италијанецот, додека трет беше Џек Милер. Ново разочарување доживеа актуелниот првак Фабио Квартараро кој стигна до осмата позиција.

Трката ја одбележа и падот на Жоан Зарко, кој тргна од пол-позиција и во моментот кога излета беше лидер на патеката.

Лидер во генералниот пласман е Фабио Квартараро со 180 бодови.