September 26, 2022 19:00
Свет

Бајден во посета на Кентаки по катастрофалните поплави 

 Претседателот на САД, Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, денеска се во посета на Кентаки каде ќе се сретнат семејствата кои претрпеа штети од бурите и поплавите, најлоши во историјата на сојузната држава. 

Бајден изврши увид во направените штети, и имаше средба и со гувернерот Енди Бешир и неговата сопруга.

За време на брифинг за улогата на спасувачките екипи во основно училиште во Лост крик, Бајден вети континуирана поддршка од сојузната влада и истакна дека нема место за политика во одговорот на катастрофата. 

-Не заминуваме, колку што е поребно ќе бидеме овде, изјави тој.

Белата куќа ја прошири федералната помош за катастрофи за Кентаки, со тоа федералната влада ќе ги покрие целосните трошоци за санирање на штетата и други итни мерки.

Најмалку 37 лица загинаа во невремето што зафати дел од Кентаки изминатите две недели. Националната метеоролошка служба вчера соопшти дека поплавите остануваат закана, предупредувајќи на нови грмотевици до четврток.

Денешната посета е втора за Бајден во оваа сојузна држава, откако претходно дојде во декември, кога торнада го зафатија западниот дел на државата, при што загинаа 77 луѓе. 

 Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, рече дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби обезбедила повеќе од 3,1 милиони американски долари помош, а стотици спасувачки персонал се распоредени да помогнат.