August 10, 2022 23:16
Свет

Бајден: Пресудата на Грајнер е неприфатлива, Москва да ја ослободи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека пресудата на рускиот суд против американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор под обвинение за поседување дрога во Русија е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни”, нагласи Бајден во изјавата.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерот, саканите, пријателите и соиграчите”.