December 2, 2022 11:44
Спорт

Барселона сака да го ангажира Силва за 50-60 милиони евра

Барселона е заинтересирана да го ангажира играчот од средниот ред на анлгискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Бернардо Силва за 50-60 милиони евра.

Новинарот Жерар Ромеро тврди дека во наредните денови ќе има средба меѓу претставници на клубовите и играчот, на која подетално ќе се разговара за зделката.

Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред сака да се пресели во каталонскиот клуб, но го губи трпението поради тоа што преговорите се одолговлекуваат.

Минатата сезона Силва постигна 13 гола и имаше седум асистенции на 50 настапи за „граѓаните” во сите натпреварувања. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2025 година.