October 5, 2022 14:35
Спорт

Барселона по судски пат сака да му го поништи договорот на Де Јонг!?

„Атлетик“ објави дека раководството на Барселона му испратило писмо на талентираниот холандски фудбалски интернационалец Френки Де Јонг со кое го известува дека неговиот договор со тимот од „Камп Ноу“ е незаконски и може да се поништи по судски пат.

Претседателот на синдикатот на фудбалери на Холандија смета дека ова не е правилно и ќе го предаде случајот на ФИФА и Светскиот синдикат на фудбалери.

Идејата на Барселона е да го поништи договорот кој бил потпишан од страна на поранешното раковдство предводено од Бартомеу на 20 октомври 2020 година, според кој Де Јонг треба да остане „Камп Ноу“ до 2026 година.

Актуелното раководство смета дека условите за продолжување на договорот се незаконски и сега ситуацијата во Барселона е напната поради Де Јонг, кој неодамна доби добра понуда од англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, но реши да ја одбие.

Барселона сака да го продаде Де Јонг со цел да го намали буџетот и да заработи пари, а потоа да ги регистрира новите засилувања.