October 5, 2022 13:34
Спорт

Барди во Трабзонспор

Шпански Леванте се договорил со турскиот првак Трабзонспор за трансфер на македонскиот репрезентативец Енис Барди, објави вечерва „Марка“ и фудбалерот за врска ќе потпише тригодишен договор откако го прифатил трансферот.

Иако веќе две недели грчки Олимпијакос преговараше со Леванте за трансфер на Барди, па во последен момент во трката се вклучи и шпански Елче, на крајот Барди заминува во Турција и тоа во клубот кој летово беше близу да го земе Езџјан Алиоски, репрезентативниот колега на Барди, но популарниот Џани од пред една недела потпиша за великанот Фенербахче.

Леванте покрај трите милиони евра за трансфер ќе добие и бонус за трансферот и сега се очекува во најбрзо време Барди да дојде во новиот клуб на лекарски прегледи и да го потпише договорот.

Барди во Леванте дојде во јули 2017 година и после пет години во Ла Лига сега се сели во Турција, која станува ветена земја за македонските репрезентативци.