October 1, 2022 20:04
Скопје

Асфалтирана улицата 21 во Волково

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Градот Скопје ја завршуваат реконструкцијата на улицата 21 во населеното место Волково во општина Ѓорче Петров.

Се асфалтира површина од околу 700 квадратни метри, со должина на улицата од 200 метри и широчина од 3,50 метри.
Во изминатиот период во ова населено место беа асфалтирани ул. 3, ул.бб и улица бр.73 .

Екипите по налог на Град Скопје ги продолжуваат градежните активности од утре на улица 23 во населеното место Волково.