September 28, 2022 14:02
Македонија

Анкетите покажуваат дека владата нема никаква поддршка, а премиерот е оценет со недоволен- еден

ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ.

Анкетите јасно покажуваат дека СДСМ ќе доживее катастрофа на престојните избори. Тоа ќе биде исход од нивното катастрофално владеење.

Анкетите покажуваат дека владата и премиерот немаат никаква поддршкa, а Ковачевски е оценет со оценака недоволен еден.

Лошиот рејтинг на оваа влада предводена од Ковачевски е поради криминалните тендери, поради корумпираноста, поради неправдата, поради матните набавки како таа на битумен, поради тоа што имаме една од највисоките инфлации во регионот, поради најнискиот раст на економијата споредено со регионот, поради растечката сиромаштија и урнисаниот стандард.

Владата покаже дека ниту знае, ниту сака да се справува со проблемите на граѓаните.

Функционерите од власта на СДСМ се фрлени само на криминал и лично богатење. Анкетите, кои и самите ги имаат, им покажуваат дека рејтингот им е во слободен пад.

Затоа бегаат од соочување со народот и се обидуваат да се задржат уште некој ден повеќе на власт за некој тендер повеќе.