August 19, 2022 12:34
Свет

Американски сенатори со закон ќе го поддржат економскиот развој на Западен Балкан

Двопартиска група американски сенатори претстави нацрт-закон со цел да се поддржи економскиот развој, трговијата и борбата против корупција, вклучително и изготвување закон за специјални санкции за спречување на дестабилизирачките активности на Западен Балкан.

Предлог-законот, инаку познат како Закон за демократија и просперитет на Западен Балкан, беше претставен од демократската сенаторка Жан Шахин, претседателка на Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка и републиканскиот сенатор Роџер Викер.

Според американските сенатори, сè додека Русија ја продолжува својата нелегална војна против Украина и им се заканува на сојузниците во НАТО, регионот на Западен Балкан е критичен за безбедноста на Европа.