October 3, 2022 15:51
Македонија

Алијанса за Албанците: Изборната кампања прераснува во договорна кампања

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Вјолца Бериша, на прес-конференција истакна дека во предизборната кампања за Советот на Општина Тетово наместо да има вистинска конкуренција на платформи, понуди и човечки вредности, партиите кои имаат моќ, дали локална или централна, прават натпревар на тоа кој ќе понуди повеќе договори за работа.

Воедно, според неа, тоа се договори кои се претвораат во заканувачки и уценувачки инструмент за граѓаните.

Оваа практика, која ја започна ДУИ, сега ја користат и другите партии кои имаат власт, без разлика дали се локални или централни. Доволно е да имаат функција над една управа и во ист миг ја претвораат во продавница за привремени вработувања. Ние како Алијанса за Албанците ја осудуваме оваа грда појава која ја пренасочува вистинската политичка понуда, во девалвирана понуда на договори која е повеќе фиктивна отколку реална, истакна Бериша.

Според неа, граѓаните сега веќе ја имаат сфатено причината зошто продолжуваат да се вработуваат толку многу работници со договор и дека знаат дека преку овие договори ги тераат да гласаат.

Ова е еден многу грд феномен што ги навредува луѓето обидувајќи се да импровизираат ропство во XXI век. Да се држи човек како заложник со работната позиција и да се повикува во информативни разговори за тоа што ќе прави и што треба да направи со својот глас, надминувајќи го притисок, е навреда и нарушување на достоинството. Самите граѓани ги знаат случаите и нивниот револт ќе биде артикулиран на нивниот ден, на денот кога ќе гласаат. Да го држиш во заложништво работниот однос на човекот за да го имаш во рака кога ти треба е како да му го одзимаш лебот од уста, порача Бериша.

Таа посочи и на фиктивните договори кои се склучуваат и стопираат по неколку месеци, како начин на уцена на граѓаните.

тавајќи им ги имињата на списоците на срамот како луѓе што земале плата, каде што сите се ставаат во иста вреќа и  тие што оделе на работа и тие што не оделе, тие што навистина се труделе и работеле и тие што работеле во партиските штабови и во куќите на функционерите. Затоа што, за жал, не ни размислуваат за интегритетот на луѓето, за нивните чувства, рече Бериша.

Таа ги повика политичките партии да прекине оваа практика и да се воспостави стандард на програмски понуди кои ќе го зголемат квалитетот на живот како што заслужуваат граѓаните.