October 3, 2022 16:24
Балкан

Автобус со српски таблички кој превезувал деца излетал од пат во Бугарија, има повредени

Несреќа во која учествувал автобус со деца се случила на автопатот Тракија, дознава bTV.

Според првичните информации има повредени.  Несреќата се случила на подрачјето на 216 километри во правец кон Софија околу 20 часот.

Автобусот е со српска регистрација. Децата се враќале од одмор на бугарското крајбрежје на Црното Море.

Повредените се пренесени во Универзитетската болница во Стара Загора.

Поради сообраќајната незгода затворен е АМ „Тракија“ во правец кон Софија на делницата од клучката „Нова Загора“ до патната клучка „Стара Загора“.