September 26, 2022 18:14
Балкан

Абазовиќ за масакрот во Цетиње: Трагедија каква што Црна Гора не памети

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изрази жалење за масакрот  кој попладнево се случи во Цетиње со порака дека ваква трагедија не се памети во Црна Гора.

-Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње, напиша Абазовиќ на Телеграм.

РТЦГ неофицијално дознава дека Абазовиќ, заедно со министри од Владата, ќе ги посети ранетите кои се хоспитализирани.

Единаесет лица се убиени и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње, а црногорската полиција го уби напаѓачот.
Црногорскиот јавен радиодифузер јавува дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката со полицајците е убиен.