August 12, 2022 01:21
Uncategorized

Јуве и Атлетико ќе играат утре, но не во Израел, туку во Торино

Јувентус и Атлетико Мадрид не го откажаа пријателскиот меч закажан за утре, но наместо тој да се одигра во Тел Авив, Израел, ќе биде одигран на тренинг-теренот во Торино поради нестабилната ситуација во регионот. Мечот требаше да се игра на „Блумфилд“ во Тел Авив, каде што неодамна се одигра Францускиот Суперкуп, но двата клуба и промотерот „Комтек груп“ решија дека е невозможно да се гарантира безбедноста на фудбалерите по рактените напади од Израел на Газа и на Западниот Брег во последните неколку дена.

Мечот ќе се одигра од 18 часот на тренинг-центарот „Континаса“ на Јувентус, со мал број на гледачи.