September 28, 2022 15:45
Свет

Јапонија покренаа кампања да се поттикне пиењето на алкохол меѓу младите

Јапонските власти покренаа национална кампања за собирање на идеи како да се поттикне пиењето на алкохол. Кампањата е одговор на намалениот интерес кај младите за конзумирање на алкохол, што предизвикало намалување на државните даночни приходи, пренесува „Гардијан“.

Кампањата наречена „Саке вива“, е во организација на јапонската Национална даночна агенција. Во повикот на државните инститциии,  се охрабруваат лицата од 20 до 39 години да поднесат идеи за како одново да се популаризира пиењето на алкохол, чија продажба е опадната поради сменетиот начин на живот во пандемијата, но и намалениот интерес за конзумирање кај младите лица.

Кампањата е отворена до 9 септември, а се бараат идејни решенија за нови производи и дизајнерски решенија на производите, како и начини за промовирање на конзумирање алкохол. Според локалните медиуми, учесниците се охрабрени да истражуваат и нови продажни методи користејќи го метаверзумот.

Според Националната даночна агенција, конзумацијата на алкохол во Јапонија е опадната, па просекот од 100 литри алкохол по глава на жител на годишно ниво кој бил регистриран во 1995 година, изнесувал 75 литри алкохол од глава на жител во 2020 година. Намалената продажба на алкохол „удрила“ по државниот буџет, кој моментално е во дефицит од 290 милијарди фунти.

Даноците на алкохол сочинувале 1,7 отсто од даночните приходи на Јапонија во 2020 година, што е намалување од 3 отсто во 2011 година и 5 отсто во 1980 година. Вкупниот приход од данокот на алкохол во финансиската 2020 година паднал за повеќе од 110 милијарди јени на 1,1 трилиони јени, во споредба со претходната година, соопштила даночната агенција претходно овој месец.

Тоа бил најголем пад на приходите од данокот на алкохол во последната 31 година.

„Работењето од дома предизвика пад на продажбата до одредено ниво, но многу луѓе ја откажаа навиката за пиење во последните години. Доколку ‘новото нормално’ стане секојдневие, се очекува дополнителен пад во даночните приходи“, изјавил портпаролот на даночната агенција.

Финалистите од кампањата ќе бидат поканети на гала настан во Токио, каде ќе им бидат доделени награди, а од даночната агенција соопштиле дека ќе ја реализираат победничката идеја.