Search

Затвореник во „Идризово“ со пиштол кој го крие во ќелија уценува жени на осуденици

Осуденик, кој издржува затворска казна во „Идризово“, наводно има пиштол во ќелијата, тврдат за „Фокус“ затвореници, кои инсистираат да бидат анонимни, стравувајќи за својата безбедност.

Според нашите соговорници, затвореникот кој сее страв во затворот, им се заканува и на сопругите на осудениците и им изнудува пари, бидејќи во спротивно им вели дека нивните мажи нема живи да излезат од затворот. Како што за „Фокус“ раскажуваат затворениците, тој уцените ги врши преку социјалната мрежа фејсбук, на која се вклучува преку мобилен телефон од затворот, а парите исплашените сопруги наводно му ги уплаќаат на банкарска сметка.

Во затворите не е дозволено осудениците да имаат ниту мобилни телефони, но јавна тајна е дека најголемиот дел поседуваат.

Нашите соговорници не замолија случајот да го пријавиме во Управата за извршување на санкции, напоменувајќи дека овој затвореник го заштитуваат неколку чувари и командири.

Според последните информации кои ги добивме од „станарите“ на најголемиот затвор, пред неколку дена бил извршен претрес во ќелијата, при што биле запленети пет мобилни телефони. За пиштолот, пак, немаа никаква информација.

„Фокус“ очекува официјална потврда за случајот и од Управата за извршување на санкции.

Превземено од www.fokus.mk

 

Треба да знаете
Последни објави