Search

Заев најави промена на министри и директори

Заев најави промена на министри и директори

По рекапитуларот на работата на власта, што ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, оваа пролет, можно е да има реконструкција, промена на директори, но и промена на министри и државни секретари, изјави за порталот Призма премиерот Зоран Заев.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата. Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото… Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат. Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат – објасни Заев.

Треба да знаете
Последни објави