Search

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одлучува дали ќе се врати во парламентот

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одлучува дали ќе се врати во парламентот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ викендов на седници на Извршниот и Централниот комитет ќе го  отвори прашањето за враќање на пратениците на оваа партија во работата на Собранието.

Лидерот Христијан Мицкоски денеска имаше координација со пратенциите во партиското седиште, но тема на разговор не било нивното враќање во парламентот, туку други внатрепартиски прашања.

Сепак, се очекува во недела Централниот комитет да донесе одлука за тоа кои ќе бидат насоките за идното делување на народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето за враќање на пратениците во работатата на парламентот се отвори по последната одлука на Врховниот суд да им одреди куќен притвор на Крсто Мукоски и Сашо Василевски, последните пратеници од оваа партија кои беа во затворски притвор.

Треба да знаете
Последни објави