Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги убедува граѓаните дека „пајаци“ напаѓаат полицајци

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги убедува граѓаните дека „пајаци“ напаѓаат полицајци

Додека СДСМ се обидува да ги потцени граѓаните и да ги убеди дека пајаци напаѓаат полициски службеници, младо момче е избодено со нож и се наоѓа во критична состојба, а насилникот е на слобода, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалот, изнудите и насилството царуваат на улиците, а во МВР владее тотален хаос. Криминалците се амнестирани и се во коалиција со власта. Економијата тоне, сиромаштијата и невработеноста се во пораст, парите на граѓаните наместо за капитални проекти одат во џебовите на функционерите на СДСМ, а Македонија е лидер во Корупција во светот“, се вели во соопштението.

Во срамен обид да се прикријат овие факти, велат од партијата, СДСМ врши политики прогон кон своите политички неистомисленици.

„Секој оној кој ќе го крене гласот против штетните политики на СДСМ и Заев треба да биде заплашен со монтиран случај од обвинителството на копче. Обвинителството е под целосна контрола на СДСМ и обвинува по наредба. Дурловски, Илиевски, Јованоски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Николовски, Пешевска и сите оние кои се наоѓаат во притвор не се терористи. Овие луѓе се патриоти кои го кренаа гласот против катастрофалните политики на СДСМ. Судот мора да го почитува законот, а притворот во никој случај не смее да биде користен за политички цели. Судиите мора да се ослободат од стегите на власта и да се вратат во служба на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави