Search

(Видео) Како српската полиција ги построи голите хулигани

Бандитите со дебели полициски досиеја направија хаос на јужната трибина на дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда

Групата платеници, составена од хулигани, тепачи, па дури и кик-боксери не успеа да направи превласт на јужната трибина на стадионот на Партизан, за време на дербито против Црвена Звезда. Околу 50 добро организирани хулигани од Србија, Хрватска и уште неколку соседни земји започнаа да тепаат се што ќе им дојде при рака на трибината каде што се најверните навивачи на Партизан. 

Сепак, брзо дојде до пресврт во ситуацијата, кога поголем дел од навивачите кои беа на трибината го возврати ударот. Околу 10-тина хулигани, за кои подоцна се испостави дека поголемиот дел се платеници од Хрватска, го извлекоа најдебелиот крај. Беа претепани, па потоа соблечени речиси до гола кожа и на крај исфрлени од трибината. 

Полицијата ги приведе истепаните кои го предизвикаа целиот инцидент и сега ќе им се суди, а според некои најави, може да добијат и до 15 години затворски казни. Платениците беа построени од полицијата, а еве како тоа изгледаше во подтрибинскиот простор на стадионот на Партизан. 

 

https://www.youtube.com/watch?v=_BNF3LqdI9U

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави