Search

Вештаците денес ќе треба да го презентираат наодот за повредите на Села

Вештаците денес ќе треба да го презентираат наодот за повредите на Села

Вештаци од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје денес ќе треба да го презентираат вештиот наод за повредите кои му биле нанесени на пратеникот Зијадин Села на 27 април, минатата година кога тој во Собранието беше тешко повреден. По вчерашното сведочење на оштетениот Села во судница ќе треба да се сослушаат и тројцата вештаци. 

Оштетениот Села вчера за прв пат по десет месеци се соочи со напаѓачите од Собранието на кои им се суди за убиство во обид. Тој до детали во судница раскажа дека бил тепан и удиран со копје од знаме, со монотири, со раце за на крајот да го скријат под биро во соба во Собранието.

Села сведочеше дека го спасиле изнесувајќи го маскиран со дуксерка и капа и извикувајќи дека е полицаец кој бил повреден.

Во оваа постапка на 10 обвинети им се суди за нападот на Села. Судскиот процес е во фаза на доказна постапка, а во судница како сведоци треба да се појават и новинари, како и собранискиот спикер Талат Џафери. 

Треба да знаете
Последни објави