Search

Вардар го скрши отпорот на храбриот Загреб за нова СЕХА титула

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во СЕХА лигата, победувајќи го ППД Загреб со резултат 26:24 во денешното финале на фајнл-фор турнирот кој се играше во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

„Црвено-црните“ ја освоија својата четврта титула во регионалната лига со уште еден квалитетно одигран натпревар, иако хрватскиот шампион ја одржуваше неизвесноста до последните десет минути. Вардар по 50-та минута направи серија од 4:0 и со предноста 25:20 го реши победникот.

Штербик имаше 8 одбрани, а во нападот најрасположени за реализација беа Циндриќ и Криштопанс со по 5 голови. Кај ППД Загреб, најефикасен беше капитенот Хорват со 8 голови.

Треба да знаете
Последни објави