Search

Уште една ќерка за Роналдо

Кристијано Роналдо стана горд татко на уште една ќерка. Неговата девојка Џорџина Родригез денес ја роди нивната ќерка, Алана Мартина, по што пресреќниот татко веднаш ја сподели веста на својот Instagram профил.

-Татковството е уникатно и лично патување, нешто што потполно ме смени. Ме научни многу нешта за љубовта кои не верував дека воопшто постојат. Ме направи помек и ми даде една поинаква перспектива на тоа што навистина е важно во животот, изјави тој минатата недела.

За Роналдо ова е 4-то дете, по близнаците Ева и Матео и синот Роналдо Џуниор, кои се добиени од сурогат мајки.

 

 kristijano2.jpg

Треба да знаете
Последни објави