Search

УХМР со ново предупредување – студените денови немаат крај

УХМР со ново предупредување – студените денови немаат крај

Од синоќа на територијата на цела Македонија можеа да се забележат силни врнежи од снег кои формираа снежна покривка. 

Најмногу снег и најстудено од утрово е во Маврово, каде што снежната покривка е седум сантиметри и се измерени минус шест степени. Минус пет степени се измерени во Пожаране, – 4 во Крушево, -3 и во Дебар, Тополчани и Лазарополе, -2  во Берово, Куманово, Прилеп и Штип, а во Скопје – 1.

Изутринава времето во Македонија е облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови врнежите се претежно од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

До крајот на денот ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд.  На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилпен ветер од северен правец.

Максималната темтпература денеска во земјава ќе достигне од 1 до 6 степени.Скопје, облачно со врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од североисточен правец правец. Температурата ќе достигне до 2 степена.

Освен денеска УХМР најавува врнежи од снег и следните денови. Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.

Треба да знаете
Последни објави