Свет

Убавата актерка откри ужасни детали од силувањето

Убавата актерка откри ужасни детали од силувањето

Многу дами на овој свет, за жал, биле жртви на злоставувачи, без разлика дали станува збор за оние кои и се познати на јавноста или “обичните” жени. Ретко која зборувала за тоа, но Роуз МекГован сепак ја изнела вистината на виделина.

Станува збор за силување кое го доживеала од страна на продуцентот Харви Вајнстин. Таа во својата книга “Brave” или “Храбра”, ги опишала деталите од ужасното злосторство кое Вајнстин го извршил. Двајцата се запознале на филмскиот фестивал “Санденс”.

По премиерата на филмот во кој глумела, продуцентот ја поканил во ресторан на ручек. Тогаш имала 23 години.

-По проекцијата ме покани на состанок во ресторан, но неговиот агент ми кажа да одам во неговата соба. Верував дека ќе зборуваме за моите идни проекти. По половина час, ми пријде, ме соблече и ме турна кон џакузито. Изгледаше како чудовишен растопен ананас, пишува МекГован.

Но, таму се случило и тоа што го нарекува “најодвратниот дел од нејзиното искуство”.

-На сила ми пружи орален секс, а истовремено мастурбираше. Со солзи во очите ја видов неговата сперма како плови на меурчињата во џакузито, напишала Роуз во своите мемоари кои од денес се продаваат ширум Америка.

По силувањето, како што признава, се чувствувала грозно. Сепак, парично се договорила со него и му земала 100.000 долари во далечната 1997-ма година, кога сето ова се случило.

Related posts

Вознемирувачко видео: Среде кафуле ликвидиран Руски мафијаш

24news

Трамп: Американскиот народ е обединет по пукањето на Флорида

24info

На Германија ѝ недостигаат 17.000 медицински сестри и техничари

24news