Македонија

„Тврдокорни“ ќе слават Нова година пред затворот во Шуто Оризари

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира пречек на новогодишната ноќ пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Новогодишната ноќ пред затворот во „Шука“ ќе биде во знак на подршка на притворените уставобранители“, велат организаторите.

Веќе цел месец симпатизери на опозицијата и граѓански здруженија протестираат на повеќе локации, меѓу кои и Истражниот затвор во „Шуто оризари“, поради апсењата на функционери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за настаните што се случија на 27-ми април во Собранието.

Related posts

Кривичен суд го одложи судењето за Заев, „Поткуп“ остана во Апелацискиот суд

24news

На 38 седница на Владата усвоени неколку мерки

24news

Никола Попоски поднел оставка од сите партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ

24news