December 17, 2018 20:38
Свет

Трамп писмено го извести Конгресот за својата одлука да ја нападне Сирија

 Американскиот претседател Доналд Трамп писмено го извести Конгресот за одлуката за американските ракетни напади врз Сирија.

 

Според американски закони, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Во писмо испратено вчера до лидерите на Конгресот, Трамп нагласува дека спроведувањето на воената акција е одговор на користењето хемиско оружје од страна на сириската Влада, вклучително и нападот од 7 април во градот Дума кој предизвикал многу цивилни жртви.

Американскиот претседател наведува дека дејствувал согласно уставните овластувања во интерес на националната безбедност и надворешната политика на САД со цел „стабилност во регионот, запирање на крвопролевањето и спречување на ширење хемиско оружје, како и спречување на хуманитарната катастрофа во регионот“.

Related posts

Протести низ цела Франција, демонстрантите ги блокираа кружните текови во земјата

Ivona

Столтенберг ѝ порача на Русија „без одлагање” да се придржува на Договорот за нуклеарни проектили

Valentina

Италија го ревидираше буџетот за да избегне санкции од ЕУ

Valentina