Search

Трамп: Американскиот народ е обединет по пукањето на Флорида

 

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека ниту едно дете не треба да оди на училиште стравувајќи за својот живот и оцени дека народот е обединет како едно големо американско семејство, откако беа убиени 17 луѓе во пукањето во средно училиште на Флорида. 

Обраќајќи се на нацијата од Белата куќа, Трамп рече дека сака директно да им се обрати на американските деца, па им порача дека никогаш не се сами и дека никогаш тоа нема да се случи.

Трамп најави дека ќе замине за Флорида, за да се сретне со семејствата на жртвите, да испита како подобро да ги заштити училиштата и да се позанимава со тешки прашања како што е менталното здравје.

Тој најави дека ќе го обиколи Паркленд, местото каде се случи ужасот. Трамп не го спомена оружјето ниу контролата над истото. Само ги повика Американците на омразата да одговорат со љубов, а на суровоста со љубезност. Американскиот претседател претходно на Твитер го окарактеризира убиецот како ментално пореметена личност каква што секогаш треба да биде пријавена на властите.

„Имало толку многу знаци дека напаѓачот од Флорида бил ментално пореметен, дури бил и исфрлен од училиштето поради лошо однесување. Соседите и соучениците негови знаеле дека бил многу проблематичен. Секогаш таквите испади мораат да се пријавуваат кај властите, одново и одново“ порача вчера Трамп на Твитер.

Тој им упати сочувство на семејствата на убиените.

Како што соопштија властите, напаѓачот легално го купил оружјето со кое го извршил нападот. Се работи за најверојатно 18 пукање во училиште во САД оваа година, а 291 од 2013-та година, пренесе Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави