December 10, 2018 23:25
Филм

Том Круз се врати снимањето на „Невозможна мисија 6“

Холивудскиот актер Том Круз повторно се врати на филмскиот сет. Во август, тој го скрши глуждот додека извршуваше комплицирана сцена при снимањето на „Невозможна мисија 6“ во британскиот главен град, Лондон.

Оваа недела филмот продолжува со снимање сцени во Норвешка, а Том Круз веќе пристигна во скандинавската земја и веќе се подготвува за продолжение на снимањето.

Сетот се наоѓа на платото „Preikestolen“, кое е позната туристичка атракција. „Невозможна мисија 6“ се очекува да се појави на екраните во јули 2018 година.

Related posts

Кевин Спејси избришан од новиот филм на Ридли Скот

24news

Македонскиот игран филм „Сестра“ на Дина Дума доби поддршка од ЈИЕ Синема Нетворк

24news

Почина познатиот актер кој јавно призна дека е геј

24news