Search

Тешко повреден кичевец кој со автомобил излетал во нива

51-годишен жител на селото Зајас, Кичевско, на магистралниот пат Гостивар – Кичево изгубил контрола над возилото, преминал на другата страна од коловозот и излетал во нива.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде што бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави