Search

Стоилов: Против Германија не очекува многу борба

 

„Имаме два натпревари, две победи. Пред да дојдеме тука, рековме дека ќе одиме чекор по чекор, без еуфорија, без ветувања. Одигравме супер тежок натпревар со Словенија и го добивме, одигравме тежок натпревар со Црна Гора, исто така го добивме. Се наоѓаме во многу добра позиција, играме со шампионот на Европа во следно коло Германија, која важи за голем фаворит. Се надевам дека ќе одиграме како до сега борбено и максимално. Одбраната ни е главно оружје на ова првенство и ако ни се отвори шанса, да изненадиме, ако не – здравје“, изјави Стојанче Стоилов.

Тој додава дека очекува многу борба. „Словенците играа многу агресивно, на граница на исклучување цело полувреме. Можеби заслужија повеќе исклучувања. Но, тоа е ракометот. Знаевме дека ќе биде грубо, таква е играта. За Германците немам што многу да кажам. Не сме се подготвувале за нив. Ќе видиме, очекувам многу борба, тие исто така важат за доста груба и агресивна репрезентација, со врвни играчи. Наше е да дадеме се од себе, па што биде, нека биде“, вели Стоилов пред утрешниот меч со Германија на Европското ракометно првенство во Загреб.

Треба да знаете
Последни објави