Search

Спасовски: Девет кривични и осум прекршочни дела за новогодишната ноќ

Спасовски: Девет кривични и осум прекршочни дела за новогодишната ноќ

За новогодишната ноќ имало 9 пријави за кривични дела и осум прекршочни дела со што констатирано е дека во споредба со 2016-та година криминалитетот за време на прославувањето на Новата година е намален, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при посетата на СВР Скопје.

Тој исто така истакна дека е намалена и употребата на пиротехнички средства.

Изминатата година за разлика од оваа имало многу повеќе пријави за кривични и прекршочни дела, односно 37 кривични и десет прекршочни.

Министерот Спасовски им посака на сите граѓани среќна Нова година и рече дека во оваа година лично тој како министер ќе се залага за одржување на мирот и стабилноста во државата.

Министерот за внатрешни работи вети дека ќе се погрижи сите полициски службеници да добијат подобри услови за работа.

Деветте кривични дела се засноваат на тешки кражби, неколку разбојништва и еден случај каде е нападнат полициски службеник.

Треба да знаете
Последни објави