Search

Фокус: Сонце од Вергина го „грее“ директорскиот кабинет на „Водовод и канализација“

Старото раководство на градското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ си замина и остави многу неодговорени прашања зад себе.

Барокната зграда со бела фасада крие загадочни агли и предмети. Сместена на кејот од Вардар, позади Владата на Република Македонија, ротондата, како што ги нарекувале кружните објекти во античко време, изобилува со симболи, од кои дел се поставени на необични места.

Барокното здание не одговара на модерното внатрешно уредување. Во зградата на пет ката, фонтана е поставена на секој кат. Од плафонот кон подот течат млазеви вода преку тенки цевки, што остава впечаток на водена завеса. Секој кабинет е детално уреден и осмилен, но највпечатлив е директорскиот.

Новиот директор на јавното претпријатие, Душко Весковски, ги отвори денеска вратите за „Фокус“. Прво што влегува во очи е големото сонце од Вергина на црвениот тепих. Кој помине го гази, што според директорот не е баш почитување на национален симбол.

Треба да знаете
Последни објави