Search

Синдикатот на градежниците бара комисија за подобрување на работничките права

Независниот синдикат на градежните работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) бара Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да формира посебна комисија која ќе се залага за подобрување на работничките права, кои, како што велат со години не се почитуваат во сите сектори, а особено во градежниот.

Бараме да се воспостави правна служба која ќе се заинтересира за промена на Законот за работни односи, во делот на правата на работниците, сивата економија, најниската загаранитирана саатнина, како и да се променат одредбите за синдикално здружување, изјави Атанас Трајковски, претседател на НСГРИТГ.

Трајковски побара зајакнување на инспекцискиот надзор во градежниот сектор каде вели дека е присутна нелојална конкуренција со ангажман на лица од други држави кои добиваат плата директно на рака.

Како што рече, повторно ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска од која, посочи, веќе добиле најава за средување на состојбите, но се уште нема конкретна реализација.

Меѓу останатото, НСГРИТ бара и повисоки плати на наставниот кадар во средното и високото образование во областа градежништво.

Треба да знаете
Последни објави