Македонија

Шилегов: Скопјани нема да плаќаат повисоки сметки за вода

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ги информираше граѓаните дека нема да плаќаат повисоки сметки за вода и дека питката вода од изворот „Рашче“ повече нема да се користи за индустриски цели.

 

„Советот на градот донесе мерка за досега бесплатното користење на питката вода за капацитетите во поранешна Железара- Скопје да се поскапат. Обезбедивме доволно средства, но внатрешните финасиски анализи кои ги направивме на јавното претпријатие овозможуваат граѓаните на Скопје да не добиваат повисоки сметки за вода“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Директорот на „Водовод и канализација“ информираше дека граѓаните и во наредните два месецa можат да ги подмират заостанатите долгови без камата.

„Градот Скопје има перфектно чиста вода за пиење, а воедно сакам да ја најавам и акцијата што ја имаме како јавно претпријатие, во наредните два месеца граѓаните на Скопје и нашите корисници ќе можат да ги подмират своите долгови без камата на рати започнувајќи од 1-ви април се до наредниот месец“, изјави Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Related posts

Скопје 2014 е закана за граѓаните

24news

Нови детали за убиството во Дебар: Еве што тврдела осомничената Блерта во полиција

24news

Филип Петровски се приклучи на Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ

24news