Search

Села: Се обидоа да ме убијат со копје од знаме, „Еве го Села. Каде ќе одиш, ќе те убиеме!“

Села: Се обидоа да ме убијат со копје од знаме, „Еве го Села. Каде ќе одиш, ќе те убиеме!“

Неколку удари во главата со монитор, копје од знаме и со даска го оставиле пратеникот, Зијадин Села, зашеметен и дезориентиран, поради што не се сеќава на дел од настаните на 27-ми април. Тој денеска сведочеше на судењето во Кривичниот суд на кое обвинетите се товарат за обид за убиство врз него.

Села рече дека не ги познава луѓето кои го нападнале. Пред него како жив штит стоеле пратениците Сурија Рушити од Алијансата за Албанците и Реџаил Исмаили од ДУИ. Во еден момент се повлекле и го оставиле сам очи во очи со насилниците. Тогаш села добил удари со тупаници и клоци.

-Кога ги добив ударите од мониторот, копјето и даската без зашеметен и дезориентиран и не се сеќавам на се. Кога се повлекоа пратениците останав сам без одбрана, обезбедувањето се обидуваше да го одбрани Заев. Никој во толпата не се обиде да ми помогне мене. Ако ми помогнеше некој тогаш, ќе бев испратен со цвеќиња и аплауз – рече Села.

Тој додаде дека за време на нападот постојано со камера го снимала новинарка која зборувала со еден од напаѓачите, кој пак носел фантомка на главата. Од нејзината снимка, рече тој, би можел да се види целиот напад.

Села истакна дека пред да бида нападнат добил директни закани за неговиот живот. Како што рече тој слушнал како некој извикува: „Еве го Села, каде ќе одиш, ќе те убиеме“.

-Последниот момент што го паметам е како паднав на колена и тогаш почнаа да ме удираат по глава и насекаде по телото. Пред да паднам, човек со кожно елече и со очила на главата рече „Еве го Села, ајде!“ – рече лидерот на Алијанса за Албанците на рочиштето во Кривичниот суд.

Треба да знаете
Последни објави