December 17, 2018 06:53
Македонија

Санте Плус не смее да прима нови пациенти, тие што биле таму префрлени во ГАК, болницата ќе враќа авансно уплатени пари

Санте Плус не смее да прима нови пациенти, тие што биле таму префрлени во ГАК, болницата ќе враќа авансно уплатени пари

Откажани се термините во „Санте Плус“. Претходно уплатените средства на пациентите болницата ќе ги врати во рок од една недела. Ова следи по одлуката на Министерството за здравство на “Санте Плус” да и ја одземе лиценцата откако Државниот здравствен инспекторат утврдил неправилности во работата – недостаток на кадар и соодветна апаратура. Министерот за здравство Филипче ниту денеска не откри други детали за целиот случај.

Болницата од вчера не смее да прима пациенти, а тие што биле таму затекнати, биле префрлени на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од Јавното обвинителство велат дека досега го добиле само обдукцискиот наод, а не и извештајот на Комисија формирана од Министерството за здравство. Од обвинителството кусо кажаа дека надлежниот обвинител го разгледува случајот и се утвердува дали постои основа за отворање истрага.

Ова е прв пат министертсвото за здравство да и стави клуч на една болница поради слаба опременост и недоволна екипираност. Вонредната контрола на санитарниот здравствен инспекторат следеше откако 31-годишната Дебора Џамбази од Кичево, почина при породување во „Санте плус“.

 

Related posts

Расте бројот на заболени од рак на кожа, прегледајте си ги бемките !

24news

Груевски не е во седиштето на ВМРО

Valentina

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Igor