Search

Разбојник нападнал жена во Штип – веднаш пренесена во болница

Разбојник нападнал жена во Штип – веднаш пренесена во болница

На 16.02.2018 година околу 11:45 часот, во влез од зграда на улица „Партизанска“ во Штип, непознато лице со употреба на физичка сила и ја одзел чантата на 78-годишната М.Д. од село Таринци, штипско во која имало околу 10.400 денари, паричник и лични документи.

Од физичкиот напад оштетената паднала и од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. По преземени мерки и активности констатирано е дека разбојништвото е извршено од 34-годишниот Џ.С. од село Таринци, штипско.

По целосно документирање на настанот против осомничениот Џ.С. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

 

Треба да знаете
Последни објави