December 17, 2018 20:40
Хроника

Пукање во Чаир, повреден маж

Пукање во Чаир, повреден маж

Триесет и петгодишник Т.А. попладнево во Чаир бил повреден со огнено оружје.

Според Министерството за внатрешни работи, пукањето било во 15.15 часот на улицата „Благоја Паровиќ“ во близина на берберницата „Прешево“. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полициски службеници се на местото на настанот, каде се пронајдени четири чаури.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

 

Related posts

Кривична пријава против поранешна директорка на градинка во Берово

Valentina

Четири лица повредени во сообраќајката на Стража

Filip

Вработената во Обвинителство на сопругот по вибер му ги праќала тајните документи

24news