Search

Пратенички координаци за можните сценарија

Пратенички координации во Собранието околу настапот, можните сценарија и гласањето  на комисијата која на пладне треба да одлучува за одземање на имунитетот на пратениците Крсто Муковски, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов.

По синоќешниот состанок на најтесниот партиски врв на Бихаќка, денеска координација и во Собранието со членовите на комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања.

Детали од дискусиите и одлуката не се откриваат, но според неофицијални партиски информации биле отворени сите опции од одземањето на имунитетот, до гласањето против, а како едно од образложенијата било дека со тоа може да се блокира комплетно Собранието и реформите на кои инсистира Брисел.

Дел од аргументите околу одземање на имунитетот бил дека дел од пратениците пред очите на цела јавност директно учествуваа во крвавите насилства и дека нема можност да не се постапи по барањето на судот.

Власта има мнозинство во комисијата, но она што е клучно извештајот на комисијата мора да биде верификуван и на собраниска седница, односно Собранието го има последниот збор дали ќе се одземе имунитетот на пратеници доколку и комисијата реши да го одземе имунитетот.

Состанок и во пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. И таму се повеќе опции на маса околу нивното постапување и повеќе сценарија во игра. Од настапот на комисијата, до можност  пратениците на ВМРО ДПМНЕ воопшто да не влезат на седницата на собраниската комисија.

Во текот на вчерашниот ден партиски имаше меѓупартиски консултации и координации, кои завршија со средба на премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети со собранискиот спикер, по што и официјално беше закажана комисијата.

Имунитетот на пратениците, според неофицијалните и непотврдени  информации бил дел од разговорот меѓу премиерот Заев и лидерот на опозицијата Никола Груевски на полноќната средба кај шефот на државата Иванов.

Треба да знаете
Последни објави