Search

Пилотот принудно слетал: Со сопругот тргнале на одмор и во авион дознала дека тој има љубовница

Авионот на летот Доха – Бали принудно слетал во Индија поради хаосот кој настанал откако една жена дознала дека сопругот ја мами.

Двојката заедно со нивното дете летала во индонезискиот туристички рај на одмор, но ситуацијата излегла од контрола откако мажот заспал.

Лукавата жена ја зела раката на заспаниот маж и со помош на неговиот прст го отклучила паметниот телефон. Она што го видела во неговиот телефон очигледно не и се допаднало и моментално полудела.

Почнала да вреска и да го тепа мажот толку силно што никој не можел да ги раздвои.

Бидејќи жената не се смирувала, пилотот заклучил дека е премногу ризично да го продолжи летот и немал избор освен да слета во Ченај.-Брачната двојка со детето е однесена во притвор на аеродромот со оглед на тоа дека никој од нив немал виза за влез во Индија. Веќе следниот ден се пуштени и упатени на лет за Куала Лумпур, рече службеник од индиската полиција.

Сведок на инцидентот во авионот рече дека жената толку била здивена што потегот на пилотот принудно да слета бил целосно оправдан.

Треба да знаете
Последни објави