Search

Охридско езеро повторно пред излевање- покачено нивото на водата

Охридско езеро повторно пред излевање- покачено нивото на водата

Откако изминатиот викенд се изли Охридското езеро, и овој викенд состојбата беше алармантна, односно повторно пред излевање, пишува Плус Инфо.

Во  Охридското Езеро и натаму се влеваат поголеми количини вода од оние што се излеваат,што доведе до ситуација, вчера, нивото од 693,96 метри надморска височина, да достигне 21 сантиметар над максималната граница од 693,75 метри.

Езерото е пред излевање коментираат граѓаните на Охрид, стравувајќи и искажувајќи чудење што и денеска на истекот на езерото во реката Црн Дрим беа отворени само две порти.

Треба да знаете
Последни објави