Search

Обвинители на СЈО во финансиска полиција

Обвинители на СЈО во финансиска полиција

Двајца обвинители на СЈО и еден истражител денеска беа во просториите на Управата за финансиска полиција каде се сретнаа со директорот на Управата.

Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми потврди дека се сретнал со специјалните обвинители во рамки на стандардната и постојана соработка во истраги, но не откри ниту повеќе детали за целта на средбата и дали се спомнувало за конкретни истраги.

Муареми инаку е поранешен истражител во Специјалното јавно обвинителство.
 

По излегувањето од финансиската полиција, ниту обвинителите на СЈО не соопштија повеќе детали за која цел биле таму и ги избегнаа новинарските прашања. Обвинителот Љубомир Лапе само кратко порача без коментар.

СЈО и по истекот на рокот за поднесување на обвиненија, продолжи да истражува случаи произлезени од прислушуваните материјали, како и истраги за набавка на опрема во УБК користена за нелегално следење.

Во декември беа објавени седум нови истраги на СЈО во кои беа осомничени 17 лица.

извор: телма

Треба да знаете
Последни објави